CNC Academy i u Sjevernoj Makedonmiji u gradu Sveti Nikole

CNC PROGRAMER I OPERATER NASLOVNA NOVOSTI

Денеска беше потпишан договор за соработка помеѓу Институтот за инженерска економија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и CNC Академијата од Босна и Херцеговина. Целта на договорот е соработка на заеднички проекти и програми, како и организирање заеднички обуки. Договорот го потпишаа проф. д-р Јордан Ѓорчев и проф. д-р Хаџиб Салкиќ.
Првиот заеднички проект е организирање курс за CNC програмери и оператори. Обуката ќе започне од 15 јануари 2022. Обуката ќе трае 50 часови – предавања и вежби. Наставата ќе биде 2х3 часа неделно (во сабота и недела од 18:00 часот). Вкупно 30 часови ќе бидат посветени на 3D моделирање и 20 часови ќе бидат посветени на работење со CNC машини.
Официјално – на денот на потпишување на договорот беше врачена првата диплома на Стојанче Бојаџиев кој посетуваше една од претходните обуки на CNC академијата пред потпишување на договорот.
Секој чекор на 3D моделирањето се работи практично чекор по чекор како и работењето на ЦНЦ машината, подготвување на работните простории, поставување на алатот, затегнување на предметот, безбедноста околу работењето на машината и префрлање од G кодот на Control Panel MACH 3 програм и останати видови опслужување на машината.
Ценатата на обуката ќе биде 400 евра. Повеќе информации за обуката можете да добиете на info@iie.msu.edu.mk или доколку директно се обратите на +389 78 731 684 (Viber) – Стојанче Бојаџиев од 08:00 до 16:00 часот секој ден (и неработни денови).
По успешно завршениот курс учесниците добиваат диплома на македонски и германски јазик.